Новиот капитен во посета на Лео: Бускетс и жена му се простија од пријателите (фото)

Со заминувањето на Лионел Меси по речиси две децении во Барселона, клубот доби нов капитен во Серхио Бускетс. Членот од златната генерација на Каталонците денес бил во посета во домот на аргентинскиот виртуоз заедно со неговата сопруга Елена, за да се простат со долгогодишните пријатели.

„Сè уште се обидувам да ја разберам ситуацијата, знаејќи колку ќе биде тешко. Можам само да ти се заблагодарам за сè што направи за мене, но пред сè за клубот. Дојде како дете, а си заминуваш како најдобриот во историјата, придонесувајќи за овој клуб да достигне нови височини. Уживав играјќи покрај тебе изминативе 13 години и знам дека многу ќе ми недостасуваш. Нашето пријателство нема да престане, можам само да ти посакам сè најдобро во иднина бидејќи ти и твоето семејство го заслужувате тоа“, се огласи Бускетс преку „Инстаграм“.

Слична порака испрати и неговата сопруга Елена, која е блиска пријателка со Антонела, животната партнерка на Меси, а потоа и останатите играчи на Барселона се простуваа со аргентинската суперѕвезда преку социјалните мрежи.

https://twitter.com/barcacentre/status/1423682411943010304

- Оглас -

Најнови вести