Новиот ракометар на Еурофарм Пелистер најавува титула во Битола

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер на својот нов член Дарко Стевановиќ му го даде дресот со бројот 91, а овој 26-годишен лев бек од Србија, висок 202 сантиметри, најавува дека желба му е титула во македонското првенство.

Стевановиќ, кој има и пет настапи за националниот тим, во Е. Пелистер дојде од белорускиот шампион Мешков Брест, а договорот му е до јуни 2024 година.

„Мило ми е што дојдов во овој клуб. Гледам дека амбициите се големи и задоволен сум по изработените неколку тренинзи со екипата. Едвај чекам на првата средба, да се претставам пред домашната публика. Се надевам дека ќе го покажам она што клубот го очекува од мене и да ѝ помогнам на екипата да ја оствари најважната цел оваа сезона – шампионската титула. Еурофарм Пелистер е квалитетна екипа и уште во летото, кога играв тука како противник, испратив пофални зборови за екипата, тренерот и, секако, за навивачите“, вели Стевановиќ во првата изјава како играч на битолскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести