Новиот селектор на Англија со многу измени на списокот за натпреварите од ЛН (Фото)

Наследникот на Герет Саутгејт на клупата на Англија, Ли Карсли, го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите на Англија во Лигата на нациите. На првиот список на Карсли како селектор има дури седуммина нови фудбалери, кои не беа дел од Европското првенство, а дел од оние што настапија се изоставени.

Џуд Белингам е повреден, Трипие се пензионира од репрезентацијата, а изоставени се Лук Шоу и Кајли Вокер. На нивно место повикани се: Ник Поуп, Леви Колвил, Тино Ливраменто, Рико Луис, Морган Гибс-Вајт, Џек Грилиш и Нони Мадуеке.

https://twitter.com/England/status/1829141959518150796?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1829141959518150796%7Ctwgr%5E1e88fc774d3b9ad4423f812689b85d2c4ceb1e48%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fnovi-selektor-engleske-napravio-velike-promjene-na-prvom-spisku-igraca-za-ligu-nacija%2F240829113

Англија во септемврискиот прозорец на ФИФА ќе игра против Ирска и Финска во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести