Новиот тренер на Јуве си оди од Челзи поради цигарите

Од порано е познато дека италијанскиот тренер Маурицио Сари пуши многу и дека е зависник од никотин, па кога има натпревар, одвај чека средбата да заврши и веднаш да запали цигара.

Но, 60-годишниот стратег кој наскоро треба и официјално да стане тренер на Јувентус, претерува, и сега е обелоденето дека во просек пуши дури по 80 цигари на ден, што е четири кутии. На „Стемфорд бриџ“ во Лондон бараше да му се направи простор за пушење, но не дојде до реализација на идејата, бидејќи во Англија е забрането пушењето на стадиони.

Како Јуве планира да му излезе во пресрет на својот иден тренер, останува да се види, а во меѓувреме на интернет се појави модифициран шеговит грб на „старата дама“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести