Новицки за првпат сезонава ќе истрча на паркетот

Крилниот центар на Далас маверикс, Дирк Новицки, ноќта меѓу четврток и петок за првпат сезонава ќе истрча на НБА-паркетите. Во пресрет на гостувањето кај „сонцињата“ од Феникс, Новицки ќе добие шанса да заигра во својата 21-ва сезона во НБА-лигата.

Четириесетгодишниот германски кошаркар во април ја санираше повредата на глуждот, па цело лето и цела есен вложуваше труд за да се врати на терените пред Новата година, а, очигледно, целосно е подготвен за настап. Новицки никогаш во кариерата не отсуствувал повеќе од 29 натпревари, а тоа нема да се случи и оваа сезона бидејќи Далас досега одигра 28 меча, на кои бележи скор од 15-11, односно 8-2 во последните 10 средби.

За првпат сезонава Дончиќ ќе игра покрај својот ментор, па ќе биде интересно да се види како ќе функционира искуството со „свежата крв“.

Дуелот Феникс санс – Далас маверикс е закажан во раните утрински часови во петок, со почеток од 4:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести