Ново чудо на Копа Америка, Колумбија испадна без примен гол

Колумбија не прими ниту еден гол на Копа Америка, но мораше да се прости од натпреварувањето, по елиминацијата од Чиле на пенали во четвртфиналето.

Двајцата голмани на популарните Лос Кафетерос, Давид Оспина и Алваро Морено одлично ја чуваа мрежата на својата репрезентација и комбинирано на четири меча, или околу 360 минути останаа несовладани, но нивната репрезентација сепак мораше да се прости од трката за титула.

Пенал серијата против Чиле ноќеска беше кобна за Колумбија, Оспина не успеа да одбрани ниту еден од петте пенали, па утката на Вилијам Тесилјо беше решавачка за елиминацијата.

Сосема спротивна е приказната на селекцијата на Парагвај од натпреварувањето во 2011 година. Тогаш популарната Ла Албироха стаса до финалето на Копа Америка без ниту една победа во регуларен дел.

Сепак уникатниот поход на Парагвајците кон титулата беше сопрен од Уругвај во финалето со пораз за сензацијата на тоа првенство од 0:3.

 

- Оглас -

Најнови вести