Новото коло на Спортска прогноза е тука, предизвикот е неодолив

Од денеска, до сабота во 15.30 часот може да прогнозирате во 12-тото коло на втората сезона на бесплатната Спортска прогноза која ја организираат Спорт Манија и Sport Life. По 11-тото коло, на кое доминантни беа репрезентативни дуели, овојпат повторно на менито се враќа клупскиот фудбал.

Може ли Наполи со Елиф Елмас да слави на „Сан Сиро“ против Милан е едно од 13-те прашања на кои треба да го предвидите одговорот. Колото стартува со мечот Ајнтрахт – Волфсбург кој се игра в сабота од 15.30 часот, а саботно дерби секако е пресметката на Манчестер сити и Челзи, во битка за второто место во Премиер лигата.

И за во недела имаме микс со седум дуели од италијанско, англиско, француско и германско првенство, а на крајот останува понеделничкиот меч на Астон вила и Њукасл. Резервни двојки се Ватфорд – Барнли и Осасуна – Атлетик Билбао.

Како и во секое коло, премијата што ја доделува Sport Life е прекрасниот мобилен телефон IPhone XS, за којшто треба да се погодат сите 13 парови од основната програма. Треба посебно да се внимава и на резервните двојки кои носат поени во битката за Генерален пласман и главната премија ТВ Смарт од 48 инчи.

И таму има голема битка. Разликите во горниот дел на табелата се минимални и пос секое коло се менуваат работите. Сите учесници имаат шанса, а не е доцна да се вклучите и вие со ваши прогнози бидејќи за секое коло има посебни награди кои се многу примамливи. Веќе знаете дека играта е бесплатна, а единствен услов е да имате СЛ картичка од Sport Life.

Новото коло е веќе во тек, прогнозирајте, забавувајте се и очекувајте вредни награди.

 

- Оглас -

Најнови вести