Ново разочарување за Њукасл, ги одби и Унаи Емери

Њукасл ќе мора да бара нова опција за нов тренер на местото на Стив Брус, откако и Унаи Емери ги одби богатите сопственици од Саудиска Арабија, кои го презедоа премиерлигашкиот клубот неодамна.

Емери ги разреши сите дилеми и по вчерашната победа на Вилјареал против Јанг бојс, на „Инстаграм“ објави дека во неговите планови е да остане тренер на Жолтата подморница.

 

„Без разлика на шпекулациите, во Вилјареал постои транспарентен однос и лојален однос мон мене од сопствениците и играчите, што ми е најважно. Се чувствувам како дома, Вилјареал е мојот втор дом и посветен сум му максимално. Искрено ми годи што клуб како Њукасл се интересира за мене, но уште повеќе сум му благодарен на Фернандо Роиг, кој истакна дека во Вилјареал сметаат на мене и во иднина. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите и се гледаме во недела на нашиот стадион“, објави на „Инстаграм“, Емери.

Со Вилјареал во ланското издание на Лигата на Европа стигна до пехарот, што му е веќе четврти пат, откако со Севилја трипати претходно беше победник во ова натпреварување.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести