Ново шоу на Кирјос: Јас играм за стотина илјади долари, а тој што суди!? (Видео)

Ник Кирјос повторно е во центарот на вниманието. Тенисерот од Австралија по голема борба со 3:2 во сетови го победи сонародникот Џордан Томпсон. Кирјос во текот на целиот меч имаше свое шоу кое не е поврзано со тенисот. Најпрво, во вториот сет, неколку пати паѓаше и се тркалаше на тревата, а потоа во третиот сет ги загуби нервите.

По еден поен, линискиот судија досуди аут, а Кирјос му рече дека треба да побара репетиција за да се увери дека поенот бил добар. „Ќе го казни ли некој судијата? Ќе го казни ли? Јас тука играм за стотина илјади долари, а тој ми суди таков аут. Нека ми објасни, те молам“, се дереше Кирјос на судијата.

https://twitter.com/GMS_Tennis/status/1146032270685474816

По судијата, редот дојде и на официјалната фотографка на мечот. Кирјос ја обвини дека многу гласно зборува.

„Жената цело време зборува. Тоа не е глупаво, но ако зборува толку гласно, тогаш е. Никој не и забранува да зборува, но да сум на нејзино место ќе си реков: „Малку ќе бидам потивка“. Освен тоа, донела и фотоапарат кој е голем колку мојот рекет“, викаше нервозниот Кирјос.

Ник на два пати имаше предност од 1:0 и 2:1 во сетови, а во решавачкиот петти сет беше најубедлив и го доби со 6:1.

Покрај Кирјос, на победи денеска во осегашниот дел од турнирот се радуваа и Нишикори против Монтеиро 6:4, 7:6, 6:4, Де Минаур – Чечинато 6:0, 6:4, 7:6, Еванс – Делбонис 6:3, 7:6, 6:3, Басилашвили – Вард 2:6, 4:6, 6:4, 6:4, 8:6, Багдатис – Шунер 6:2, 6:4, 6:4.

- Оглас -

Најнови вести