Ново светско чудо на Мундијалот: Јапонија со пресврт ја победи Германија (Видео)

Нов ден на Светското првенство во Катар и нов шокантен резултат. Јапонија со 2:1 ја победи Германија во првиор меч од Е групата. Да биде чудото поголемо, Германија на полувремето водеше со 1:0, но Јапонците во вториот дел направија неверојатен пресврт, кој веднаш потсети на резултатот од вчера, кога Саудиска Арабија со пресврт во второто полувреме ја победи Аргентина со 2:1.

Германија доминираше од почетокот на мечот и создаваше шанси, па во 33-тата минута беше досуден пенал, кој во погодок го реализира Илкај Гундоган. Пред крајот на првото полувреме погоди и Кај Хаверц, но тој погодок беше поништен поради офсајд.

Во второто полувреме Германија продолжи да доминира и да напаѓа, па ништо не најавуваше дека може да се случи пресврт. Сепак, брзите и упорни Јапонци во последните 20 минути одиграа неверојатно. Најпрво имаа две одлични шанси, но еднаш Нојер одбрани, а еднаш фудбалерот на Јапонија имаше неверојатно промашување.

Сепак, токму тие акции беа навестување дека ќе се случи пресврт. Најпрво во 75-тата минута Доан погоди за 1:1, а во 83-тата минута Асано го комплетира шокантниот пресврт на Јапонија.

- Оглас -

Најнови вести