Новогодишно изненадување во Премиер лигата, Тотенхем шокиран од Астон Вила (Видео)

Првиот натпревар од Премиер лигата во Новата година, донесе изненадувачки резултат, фаворитот Тотенхем загуби пред своите гледачи со 0:2 од Астон Вила.

Петлите беа подобар тим во првото полувреме, но не успеаја да создадат ниту една сериозна шанса за гол, шутот на Кејн со глава во 40-та минута го блокираа дефанзивците на Астон Вила.

https://twitter.com/i/status/1609576359818305537

На стартот од вториот дел, навивачите на Тотенхем доживеаја шок бидејќи во 50-та минута Буендиа го совлада Уго Лорис и му донесе предност на својот тим.
Домаќинот по примениот гол фрли се на една карта на нападот, додека гостите својата шанса ја чекаа преку контрите и ја дочекаа во 73-та минута кога Даглас Луиз го постави конечниот резултат.

Тотенхем со поразот, остана на петтото место на табелата со 30 бода, два помалку од Манчестер јунајтед и два повеќе од Ливерпул, но има и натпревар повеќе од двата тима. Астон Вила остана на 12-та позиција со 21 освоен бод.

- Оглас -

Најнови вести