Новопечениот Романец Кудуз: Ќе ја пејам и хрватската химна, Романците нема да ми се налутат!

Ракометарот Анте Кудуз ќе биде во незгодна ситуација на Европското првенство во јануари во Германија, бидејќи како натурализиран Романец, ќе треба да игра против својата родна Хрватска.

Некогашниот вардарец лани одлучи да заигра за романскиот национален тим, а дебито го имаше во март на дуелот со Фарски острови. Кудуз е роден пред 27 години во Осиек, а има играно и за Хрватска во минатото, последен пат во 2019 година.

„Ќе ја пејам хрватската химна и тоа на цел глас. Тоа нема да им пречи на моите Романци“ – најавува балканскиот Хансен како што го нарекуваат поради физичката сличност со данската суперѕвезда.

Романија која беше ракометен гигант во минатото, одамна е во криза и после дури 28 години повторно ќе заигра на ЕП, а еден од адутите ќе им бидат Хрват, Иранец (голман) и Шпанец (селекторот).

- Оглас -

Најнови вести