Новото коло на Спортска прогноза без супер дербија, а во тоа е и привлечноста

Отворено е типувањето за новото, 26-то коло на бесплатната Спортска прогноза која ја организираат Sport Life и Спорт Манија, а во основната понуда во оваа рунда има седум саботни и шест неделни натпревари.

Стандардно, викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните лиги во Европа кои се играат в сабота и недела, но нема големи дербија, што може да биде и добро, бидејќи кај таквите мечеви нема јасен фаворит и поделеноста кај прогнозерите е поголема.

Саботната програма од новото коло ги содржи мечевите Болоња – Милан, Келн – Мајнц, Челзи – Брајтон, Евертон – Фулам, Саутхемптон – Кристал палас, Вулверхемптон – Брентфорд и Рен – Ремс.

Типувањето трае до сабота во 15, кога почнува мечот во Болоња.

Од неделните дуели, изборот се Лече – Сампдорија, Оксер – Нант, Брест – Ница, Вердер – Фрајбург, Волфсбург – Баер Леверкузен и Валенсија – Севилја.

Тука се и резервните двојки Атлетик Билбао – Реал Сосиедад и Рома – Удинезе, кои се бројат во скорот во генералниот пласман.

Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка. Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

X Box Series X.

Подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар (им следува ваучер од Sport Life од 1.000 денари) и за тие со две утки (ваучер од 500 денари).

 

- Оглас -

Најнови вести