Новото коло на Спортска прогноза е добра шанса да освоите „ајфон 11“

Финалето на англискиот Лига куп меѓу Манчестер сити и Тотенхем, лондонската премиерлигашка пресметка Вест хем – Челзи, бундеслигашката битка Баер Леверкузен – Ајнтрахт, Лион – Лил од Франција и понеделничкото италијанско дерби Лацио – Милан се во фокусот во 33-тото коло на Спортска прогноза што можете да го одиграте веќе денеска од 14 часот.

На 13-те парови од основната понуда и двата резервни може да типувате од денеска од 14 часот, до сабота во 15.30, кога почнува мечот Волфсбург – Борусија Дортмунд.

За максимален број погодоци, 13, во секое коло премијата е „ајфон 11“, додека за 12-ка и 11-ка ви следуваат ваучери од Sport Life во вредност од 1.000 односно 500 денари. Играта што трае веќе трета сезона е забавна и бесплатна. Сè што е потребно е да имате СЛ картичка.

Во понудата се и дуелите Валјадолид – Кадис, Беневенто – Удинезе, Ница – Монпелје, Лориен – Бордо, Лидс – Манчестер јунајтед, Селта – Осасуна, Лион – Лил и Еибар – Реал Сосиедад. Резервни двојки се Фрајбург – Хофенхајм и Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид. Двете резервни двојки носат поени за подобри позиции во Генерален пласман.

Трката и тука е супер интересна, веќе се ближи крајот на сезоната, а шампионот ќе биде награден со ТВ Смарт од 48 инчи.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести