Градските дербија помеѓу Реал и Атлетико во Мадрид, и манчестерското Јунајтед – Сити, се во фокусот на новото 14-то коло на вашата омилена и бесплатна Спортска прогноза што е веќе подготвено за типување. Вашите типови може да ги ставите до сабота во 14 часот кога почнува првиот меч од основната понуда, а тоа е Валенсија – Атлетик Билбао.
Во минатото коло за малку не беа доделени ваучери, имаше седум десетки на „Среќна 13-ка“. Можеби овојпат нема да има толку изненадувања и ќе бидат доделени награди во вид на вредносни ваучери од Sport Life од 500 и 1.000 денари, зошто да не и премијата за секое коло, Ајфон 11“, кој ќе ја добие секој што ќе ги погоди сите 13 исходи.
Саботната понуда ја сочинуваат паровите Валенсија – Атлетик Билбао, Мајнц – Келн, Марсеј – Монако, Торино – Удинезе, Манчестер јунајтед – Манчестер сити, Евертон – Челзи и Реал Мадрид – Атлетико Мадрид.
Од мечевите во недела треба да погодувате исходи на Стразбур – Мец, Болоња – Рома, Бетис – Вилјареал, Елче – Гранада и ПСЖ – Лион. В понеделник вечер завршува колото со мечот Селта – Кадис. Резервни парови кои се сметаат за генералниот пласман, се Њукасл – Вест Бромич Албион и Ница – Рен.
Како што може да се види, мечевите се од Топ-5 лигите во Европа, имаме градски дербија во Шпанија и Англија, и две дербија во Франција. Армијата на учесници во бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија е сè побројна, па предизвик е да се учествува и прецизно да се погоди максимален број на мечеви за убави награди.