Новото момче на Симона Халеп е македонски милионер!

Освојувачката на неодамнешниот Вимблдон, Симона Халеп, замина на заслужен одмор после нејзиниот успех во Лондон, а папараци ја фатија на плажа со нејзиното ново момче. Таа веќе и не се крие дека е во врска со 40-годишниот бизнисмен Тони Јурук.

Тони е познат во романската јавност, тој е милионер, откако се разведе (жена му го изневерувала) важи за еден од најпосакуваните ергени во Романија, а на плажата во Мамаја, Симона и Тони си разменуваа бакнежи. Јурук беше и во ложата на Халеп за време на турнирот во Лондон, но тогаш врската не беше официјализирана. Момчето на тенисерката важи и за плејбој, па останува да се види дали ќе се скраси покрај 13 години помладата Симона, или ќе продолжи со бурниот љубовен живот.

Инаку, интересно е што во романските медиуми пишува дека Тони, исто како и Симона е Македонец. Всушност тие се Аромани, а Власте со потекло од овие краишта во Романија ги нарекуваат Македонци. Во Романија традиција е овие „Македонци“ да не се мешаат со другите Власи и само меѓусебе да стапуваат во брак.

- Оглас -

Најнови вести