Новото НБА чудо од 224 сантиметри доби блокада речиси од 20 сантиметри понозок играч (Видео)

Виктор Вембањама е новата НБА-ѕвезда. Избран како прв пик на драфтот, 224-сантиметри високиот центар во првите неколку мечеви во најсилната лига покажа дека има голем потенцијал кој треба да се надградува.

Сепак, на последниот меч Вембањама беше сопрен на 13 поени и 10 скока, а неговиот Сан Антонио доби лекција на гостувањето кај Индијана и загуби со убедливи 152:111. Французинот, кој има распон на рацете 240 сантиметри, почувствува како е да биде сопрен, и тоа во момент кога сака атрактивно да ја забие топката во обрачот.

Ајзеа Џекстон, кој е понизок дури 18 сантиметри од Вембањама, не се уплаши и тргна да го сопре високиот центар, а Французинот доби блокада за паметење.

- Оглас -

Најнови вести