Новото одложување ги фрли клубовите во очај – Публика во Англија ќе нема и во октомври

Ситуацијата со корона-вирусот во Велика Британија повторно е алармантна, прогласена е опасност од четврто ниво, а со тоа пропадна и планот за камбек на публиката на фудбалските натпревари од први октомври.

Премиерот Борис Џонсон денеска треба да ги објави новите мерки во битката со ковид-19, но веќе е познато дека ќе се пролонгира враќањето на фудбалските симпатизери на мечевите во Премиер лигата.

Во мирување е ставен и пилот-проектот со кој за почеток се предвидуваше камбек на стадионите со максимална бројка од 1.000 луѓе на трибините.

Фудбалските клубови притискаат што побрзо да се донесе одлука за враќање на публиката на трибините, како што тоа го направија Германците, Французите, но и уште неколку земји, а има притисок и од другите федерации и спортови во Велика Британија.

Спортот, спортистите и клубовите во една од најголемите европски заедници губат многу пари без публика на спортските арени, а не помогна ниту помошта од 200 милиони фунти што ја додели Владата на Велика Британија.

Неодамна беше објавено дека без публика на стадионите, само на фудбалски план клубовите ќе бидат во загуба огромни 700 милиони фунти за сезоната 2020/21.

 

- Оглас -

Најнови вести