Нухији, Симоновски и Цуцули ги чека ротердамски пекол

6767 Динамо Брест – П’лзењ (18.00 часот)

Чесите го добија првиот меч со 2-1 и со новите правила, тоа е солидна предност бидејќи Динамо со победа од 1-0 не би одел понатаму како порано, туку би се играле продолженија. Хендикеп за Динамо Брест е што нема да игра дома, туку П’лзењ ќе го пречека во Ереван во Ерменија. Динамо викендов во белоруската лига го победи БАТЕ Борисов со 2-0. П’лзењ со победа над Млада Болеслав тргна во чешката лига и е во победнички ритам, последниот пораз го претрпе во мај, во Купот на Чешка.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.66)

 

6779 Розенборг – Хафнарфјордур (19.00 часот)

Розенборг со два гола во второто полувреме победи со 2-0 на првиот меч на Исланд и сега само рутински треба да го одработи реваншот во Трондхајм. Норвешкиот тим би требало повторно да победи, а предизвик е да се погоди со колку гола разлика ќе биде триумфот и колку домашните ќе бидат мотивирани. Розенборг на последните три меча дома даде само еден гол, па веројатно гостите нема да доживеат дебакл.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.55)

 

6780 Волеренга – Гент (19.00 часот)

Тимот од Осло е пред невозможна мисија бидејќи на првиот меч во Белгија загуби со 0-4 и речиси ги загуби шансите за пласман во следната фаза од квалификациите во Конференциската лига. Волеренга викендов во Купот на Норвешка победи со 4-0, а Гент загуби од Сен Труден во белгиската лига. Овие два тима често играат ефикасни мечеви, Волеренга на сите домашни средби во 2021 и дава и прима гол.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.81)

 

6802 Феенорд – Дрита (20.00 часот)

Косовската Дрита приреди изненадување на првиот дуел со тоа што одигра 0-0 против холандскиот гигант. Сега во Ротердам, Феенорд е огромен фаворит и веројатно ќе бидат мотивирани да покажат дека се подобар тим. По мечот со Дрита, Феенорд играше и пријателска средба со ПАОК и загуби со 1-2. Тренер на Дрита е нашиот Ардијан Нухији, а во играчкиот кадар се двајца фудбалери со македонски пасоши, тоа се Цуцули и Симоновски.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.51)

 

6805 Арис – Астана (20.30 часот)

Астана дома славеше со 2-0, но тоа не гарантира пласман понатаму бидејќи во Солун не е лесно да се гостува. Воините имаат само една победа на последните 11 меча, додека Астана има серија од пет меча без пораз. Член на казахстанскиот тим е и Ерменецот Барсегјан, кој во минатото играше за Вардар, а имаат и неколку Хрвати и Црногорци. Домаќинот Арис е благ фаворит и ќе се обиде да победи барем со два гола разлика, но и Астана се прашува.

Предлог тип: & 2-4 гола (1.70)

- Оглас -

Најнови вести