Њујорк остана без шампионот – Тим го откажа учеството на Отвореното првенство на САД

Доминик Тим нема да ја брани титулата во Њујорк на Отвореното првенство на САД, а денеска објави дека за него сезоната е завршена. Австриецот долго се мачи со повреда, не играше на Вимблдон, ниту на Олимписките игри во Токио откако беше поразен во првото коло на Ролан Гарос.

Тоа му беше и последен настап оваа сезона со пораз од Пабло Андухар во Париз со 2:3. Тим успеа во ланското издание на американскиот гренслем за првпат да освои титула на еден од четирите најценети турнири на светот.

Австриецот направи подвиг во финалето во Њујорк и негативата од 0:2 во финалето против Александер Зверев ја преточи во победа од 3:2 за прва гренслем-титула во кариерата.

Претходно 27-годишниот тенисер од Винер Нојштад играше три гренслем-финалиња, но беше поразен на Ролан Гарос во 2018 и во 2019 година од Рафаел Надал, а потоа лани и од Новак Ѓоковиќ во мечот за титулата на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.

 

- Оглас -

Најнови вести