Њукасл е блиску до финале во Лига купот на Англија, Марфи е закон, му мафташе на Чалета-Цар за збогум (Видео)

Њукасл е многу блиску до настап во финалето на Лига купот на Англија по победата од 1:0 против Саутхемптон на гости во првиот полуфинален меч.

Вечерва на стадионот „Сент Мери“, Њукасл славеше со голот на Жоелинтон во 73-тата минута и со предност ќе тргне во реваншот на свој терен на 31 јануари.

Победникот ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Манчестер јунајтед и Нотингам форест што ќе почне утре.

Саутхемптон во реваншот за 7 дена ќе игра без хрватскиот интернационалец Дује Чалета-Цар, кој беше исклучен во 86-тата минута.

Интересна беше реакцијата на противничкиот играч Јакоб Марфи, кој му мафташе за збогум на Чалета-Цар.

Jacob Murphy waves goodbye to Caleta-Car (Sou vs New) from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести