Њукасл е во загуба од 85 милиони евра, ќе мора да ги продава ѕвездите

Њукасл го има епитетот „најбогат клуб во светот“ откако беше купен од инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија. Минатата година дојде до пласман во Лигата на шампионите, но оваа сезона е под потребното ниво. Сепак, голем проблем е финансиската состојба во која се најде клубот. Според англиските медиуми, Њукасл е во загуба од 85 милиони евра, пред сè поради зголемените плати на фудбалерите.

Оваа сума нема да биде никаков проблем за богатите сопственици, но проблем е финансискиот ферплеј во Англија, кој не дозволува влез на пари без сериозна оправданост. Така сега раководството е принудено да стави дел од ѕвездите на продажба за да ги оправда финансиските вложувања.

- Оглас -

Најнови вести