Њукасл има ситуација која го носи во осминафинале, но ПСЖ и Милан уште се во игра (Видео)

Њукасл со убавиот гол на Жоелинтон води со 1-0 против Милан и има резултат кој засега го носи во осминафиналето бидејќи во Дортмунд нема гол на дуелот на Борусија и ПСЖ.

За Жоелинтон тоа е прв гол во ЛШ во дресот на Чавките.

Еден гол на парижаните или миланезите ќе ја смени сликата во најинтересната група, во која само Германците се сигурни, а може да го исфрлат парискиот тим од ЛШ.

Барселона прими гол само по 76 секунди од Антверп, но изедначи на 1-1, а најефикасно е во Порто, каде што домашните имаат 2-1 против Шахтар на меч на кој линискиот судија имаше голем кикс и крена знаменце иако немаше офсајд, но тука е ВАР и од таа акција Украинците дадоа гол.

https://twitter.com/i/status/1735036051318579460

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести