Њукасл ја достави првата официјална понуда за репрезентативецот на Англија

Екипата на Њукасл се очекува да биде една од најактивните во јануарскиот трансфер период.

Премиерлигашот кој сега е под сопствеништво на ПИФ, приватен инвестициски јавен фонд на Саудиска Арабија, достави официјална понуда за Кјеран Трипие.

Бекот на Атлетико Мадрид, а воедно и англиски репрезентативец е желбата на Свраките, кои што ќе се обидат да доведат квалитетни засилувања со кои што би обезбедиле опстанок.

Њукасл е спремен да одвои 30 милиони за 31-годишниот играч, кој во Атлетико пристингна од редовите на Тотенхем.

За репрезентацијата на Англија, Трипе игра од 2017 година и има запишано 35 настапи и постигнато еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести