Њукасл почнува со расфрлање, ќе купи голман од 60 милиони евра

Дека за новите саудиски сопственици на Њукасл нема криза и дека нема да штедат во преодбниот рок, доказ е податокот оти се подготвени да платат обесштетување од 60 милиони евра за голманот на Бенфика, Одисеас Влаходимос. Гркот кој е роден во Германија, има 26 години, ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција на која Чавките го имаат сосема солидниот Мартин Дубравка, кој има договор дури до 2025 година.

На листата на можни засилување на Њукасл се и ѕвезди како Кутињо, Јовиќ, Гриезман, но сакаат да инвестираат и во голманот кој веруваат дека може да тргне по стапките на Јан Облак и Едерсон, кои се прославија по заминувањето од Бенфика во Атлетико односно Манчестер сити.

Влаходимос има договор со Бенфика до 2024 година. Тој сезонава не прими гол на 14 од 24-те меча во португалската лига.

- Оглас -

Најнови вести