Њукасл промашуваше, Кавани е супер замената, а Де Хеа по којзнае кој пат го спаси Манчестер јунајтед (ФОТО)

Њукасл и Манчестер јунајтед одиграа 1:1 во еден од највозбудливите мечеви од оваа Боксинг деј рунда.

Давид де Хеа имаше неколку фантастични одбрани и по којзнае кој пат го извади својот тим од неволји.

Њукасл поведе со голот на Алан Сен Максим во седмата минута, а истиот играч на стартот од вториот дел имаше огромна шанса да ја зголеми предноста, но не успеа да ја искористи, односно Де Хеа го одбрани ударот.

Единсон Кавани влезе во вториот дел, а во 71-вата минута успеа да искористи една убаво нафрлена топка од Далот.

До крајот на средбата, Њукасл имаше уште неколку фантастични шанси.

Џејкоб Марфи во самата завршница шутираше во стативата, а во истата акција Мигуел Алмирон одлично биеше, но и тој удар беше одбранет од голманот на гостите.

Со овој бод, Манчестер сега дојде до бројката од 28 бода, додека, пак, Њукасл има 11 бодови по 19 одиграни кола.

- Оглас -

Најнови вести