Њукасл се посрамоти против третолигаш (Видео)

Њукасл одигра само 1-1 на гостувањето кај Рочдејл во 32-финалето од англискиот ФА куп, па овие тимови ќе мора да одиграат уште еден меч за да се одреди патникот во следната рунда. Рочдејл е тим кој настапува во Лига Еден, тоа е трета лига по квалитет во Англија после Премиер и Чемпионшип, па затоа овој резултат е сензација.

Њукасл поведе со голот на Алмирон, но Чавките делуваа заморено во вториот дел и „мирисаше“ дека ќе примат гол. Тоа се случи во 80-та минута кога 17-годишниот Мејтсон му асистираше на 40-годишниот ветеран Вилбрахам, а тој го совлада Дубравка. Со 40 години и 75 дена, Арон Вилбрахам е најстар стрелец во ФА купот во последните четири години.

Рочдејл е 105-тиот различен англиски противник со кој се има сретнато Њукасл.

https://twitter.com/i/status/1213464828439908353

- Оглас -

Најнови вести