Нула во Риека, Лукаку ја реши Швајцарија

Хрватска и Англија одиграа реми без голови пред празните трибини на стадионот во Риека. Статистички гледано Хрватите беа поконкретни, но, ниту тие, ниту „гордиот Албион“, не го пронајдоа патот до мрежата.

Средбата за деби во сениорскиот национален состав на Англија ја искористи осумнаесетгодишниот Џејдон Санчо, кој сезонава игра сензационално во дресот на Борусија Дортмунд во Бундеслигата, а пред само неколку месеци играше против селекцијата до 19 години на Македонија во Скопје.

Ромелу Лукаку му донесе победа од 2-1 на Белгија над Швајцарија, откако напаѓачот на Манчестер јунајтед донесе предност за „ѓаволите“ во 58-тата минута, додека Марио Гаврановиќ израмни во 76-тата минута. На пет минути пред крајот од регуларните 90, Лукаку втор пат беше прецизен и ги постави конечните 2-1 на средбата која се одигра во Брисел.

Резултати Лига на Нации:

Сегмент А група 2: 

Белгија – Швајцарија 2-1 (0-0)

Сегмент А група 4:

Хрватска – Англија 0-0

Сегмент Б група 3:

Австрија – Северна Ирска 1-0 (0-0)

Сегмент Ц група 2:

Естонија – Финска 0-1 (0-0)

Грција – Унгарија 1-0 (0-0)

Сегмент Д група 2:

Белорусија – Луксембург 1-0 (1-0)

Молдавија – Сан Марино 2-0 (1-0)

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести