Нурмагомедов со два кратки коментари за борбата на Џастин и Тони

По завршувањето на борбата помеѓу Џастин Гејтџи и Тони Фергусон, во која триумфираше помладиот Гејтџи, вистинскиот светски првак во ултимејт фајт во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, даде два коментари за битката од која победникот станува негов предизвикувач.

Хабиб најпрвин напиша „Без коментар“, и со тоа го закачна Фергусон кој беше многу силен на зборови во пресрет на борбата со Хабиб која бепе одложена. Неколку минути подоцна, Русинот напиша: „Честитки за Гејтџи, беше импресивен, многу паметно се бореше“.

„Орелот“ Нурмагомедов кој нема пораз во ММА кариерата, во иднина ќе треба да се бори Гејтџи за појасот.

„Многу сум среќен што станав следен ривал на Хабиб. Се чувствувам како шампион, но најголемиот тест ќе ми биде битката со Хабиб“ – рече новиот привремен шампион, кој не сакаше да го носи појасот кој му го дадоа, бидејќи не мисли дека е „вистинскиот“. Некои обложувалници веќе поставија квоти за победник во евентуална битка на Нурмагомедов и Гејтџи. Коефициентот за победа на Русинот е 1.33, а за Гејтџи е 3..33.

Поразениот Фергусон рече дека бил подготвен, сакал да се бори против Хабиб, но утрово Џастин се покажал како „цврст кучкин син“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести