Нурмагомедов со порака до Конор: Ако те видам, ќе те пратам во болница, а јас ќе завршам во полиција

Хабиб Нурмагомедов без проблеми ја одбрани титулата во лесна категорија откако со „гушење“ го победи Американецот Дастин Порие. Со оваа победа, Хабиб само ја продолжи доминацијата и сега има 28 победи без ниту еден пораз во кариерата.

Големиот шампион посебно се прослави по победата над Конор Мекгрегор, во борба која беше речиси пред една година. Тогаш се случи хаос и по мечот во тепачка се вклучија и членовите на двата табори. Нурмагомедов вели дека воопшто не се плаши од нов меч против Ирецот. Хабиб дури најави дека доколку го здогледа Конор на сред улица, и таму ќе го тепа.

„Ланската борба уште не е завршена. Да го претепам повторно, нема да биде доволно. Мора да ги претепаме и сите членови на неговиот тим. Тоа им го велам на моите момци „Еј момци вечерва одиме во војна. Тука не се работи само за една борба“. Тоа никогаш нема да биде готово. Каде и да се видиме, веднаш почнува борба. Не е важно дали некој потоа ќе заврши во затвор. Не се плашам поради тоа. Тука е јасно, они ќе одат во болница, а ние во полиција“, изјави Нурмагомедов, со што само дополнително ја загреа атмосферата.

Додека Хабиб продолжи да ги тепа противниците, Конор Мекгрегор нема ниту една откога беше поразен во дуелот со Нурмагомедов.

- Оглас -

Најнови вести