Нурмагомедов во Абу Даби го брани тронот во лесна категорија

Вечерва во 22 часот во Абу Даби, Хабиб Нурмагомедов за првпат по борбата против Мегрегор ќе влезе во октагонот на УФЦ, во главниот спектакл на 242 издание на шампионатот во мешани боречки вештини. Русинот ќе ја брани титулата во лесна категорија против привремениот првак Дастин Појре.

Американецот кој има учинок од 27-5 во кариерата ќе го предизвика Нурмагомедов, кој ќе се бори по пауза од речиси една година, откако отслужи деветмесечна суспензија по нередите со тимот на Мегрегор кои се случија непосредно по нивната борба која се одржа во октомври минатата година.

Двајцата борци за првпат ќе ги одмерат силите меѓусебе, а Нурмагомедов е фаворит во пресрет на борбата поради што досега е непоразен во вкупно 27 борби, од кои осум ги добил со нокаут.

Пред спектаклот кој се чека со нетрпение, ќе се одржат уште 10 борби, од кои шест се во лесна категорија, две во велтер, и по една во супер-лесна, средна и тешка категорија.

- Оглас -

Најнови вести