О`Саливен го „тепаше“ Тепчаија со 10-1, и најави атак на светската титула

Помалку од два часа ефективна игра му требаа на славниот Рони О`Саливен за да извојува победа од 10-1 во првото коло на Светското првенство во снукер. Жртва на Рони беше Тајланѓанецот Тепчаија Ун-Ну. Уште по вчерашниот ден кога петкратниот светски првак водеше со 8-1, беше јасно дека тој ќе се пласира во следното коло, а денеска само ја доврши работата.

О`Саливен во второто коло се среќава со најдобриот азиски снукер играч и негов близок пријател, Кинезот Динг Џунхуи.

Популарниот Рони деновиве беше во центарот на вниманието на британските медиуми и поради неговата темна страна од приватниот живот. Неговата 23-годишна ќерка од првиот брак, роди дете, па Рони од лани е дедо, но снукер велемајсторот не се интересира многу за нив. Ќерката Тејлор Ен Магнус, вели дека нејзиниот татко ја посетил само 12 пати во животот, иако живеат на 15-тина километри еден од друг. Преку други луѓе Тејлор дознала дека Рони се радувал што добил внука, но не се јавил директно кај ќерка му.

Со втората жена со која уште е во брак, Рони има две деца, 14-годишна ќерка и деветгодишен син.

- Оглас -

Најнови вести