О‘Саливен: Снукерот го играм без емоции и страст!

Седумкратниот светски првак во снукер и најпопуларен играч во историјата на овој спорт, Рони О‘Саливен, по поразот од Дејвид Грејс на Отвореното првенство во Северна Ирска призна дека снукерот му станал работа без емоции.

Рони поведе со 2-0 во фрејмови, но загуби од Грејс со 3-4.

„Немам баш некоја страст и желба за играње. Веќе не ми е гајле дали сум победил или загубил. Ќе освојам некоја пара и тоа е тоа, ми стана работа без емоции. Оваа работа не е вредна за стресот и маката. Понекогаш поразите се прикриен благослов, ми овозможуваат да работам други работи. По правило не зборувам за моите мечеви, оставам другите да анализираат и критикуваат“, вели 46-годишниот О‘Саливен.

Рони работи и како стручен аналитичар за телевизијата „Евроспорт“ и токму затоа и се појавил на турнирот во Белфаст.

„Не би ни играл на турнирот да не работев за ‘Евроспорт’“, рече Англичанецот.

- Оглас -

Најнови вести