Во стил на кикбоксер, играч на Борац со „хај-кик“ во лице нокаутираше противнички фудбалер (Видео)

Фудбалерот на српскиот второлигаш Борац 1926, Ганецот Абдул Рашид Обуоби е негативецот во оваа приказна поради бруталниот фаул кој го направи на вчерашниот меч против Јагодина во меч од српската Прва лига, која е втора по ранг кај нашиот северен сосед по Суперлигата.

Обуоби во 80-тата минута, при негатива на неговиот тим од 1-2, во еден дуел со нога го удри во лице противничкиот играч Андрија Милиќ и доби црвен картон, а на теренот настана мешаница и за малку беше избегнат инцидент. Прекршокот навистина беше прегруб, а Обуоби покажа дека би бил добар и во некој од боречките спортови каде што е дозволен таканаречениот „хај-кик“.

- Оглас -

Најнови вести