Обамејанг е резервна варијанта на Барселона ако не дојде Мартинес

Пјер-Емерик Обамејанг, капитенот на Арсенал, е резервна варијанта како можно летно засилување на Барселона, а тоа ќе се случи ако Каталонците не успеат да го убедат Интер да ја намали цената за Лаутаро Мартинес.

Интер бара отштета од 111 милиони евра за аргентинскиот ас, што е превисока сума за шпанскиот клуб, па сега се посериозно размислуваат за Обамејанг.

На репрезентативецот на Габон договорот со Арсенал му истекува идното лето, а ова ќе биде и последна шанса за Топчиите да го продадат капитенот за да заработат.

Обамејанг не сака да ја продолжи соработката со клубот од Лондон и секако би ја прифатил понудата на Барселона да се пресели на „Камп ноу“ уште ова лето.

 

- Оглас -

Најнови вести