Обамејанг и Лаказет му зададоа главоболки на Артета пред премиерното гостување кај Брентфорд

Сезоната 2021/22 во Премиер лигата и официјално стартува вечерва со дуелот меѓу Брентфорд и Арсенал, за кој Микел Артета ќе мора да го крпи составот по појавувањето на два големи проблеми.

Имено, напаѓачкото дуо Пјер Емерик Обамејанг и Александер Лаказет вечерва нема да бидат во конкуренција за настап поради што и двајцата се болни. Гостите од Лондон останаа без голгетер за овој меч, бидејќи од претходно е повреден и младиот Еди Нкетеја, па нема да биде изненадување доколку Артета посегне по талентираниот офанзивец Балогун кој е дел од првиот тим за претстојната сезона.

И одбранбената линија на Арсенал не е комплетна, нема да игра Бразилецот Габриел, додека Холдинг е неизвесен и тоа остава простор за деби на новиот стопер, Бен Вајт, а отсутен е уште Томас Парти.

- Оглас -

Најнови вести