Арсенал ја доби супер интересната пресметка против Евертон со конечни 3-2 која се одигра на „Емирати“. Мечот го одбележа брзоногиот Пјер-Емерик Обамејнаг, кој си го подобри учинокот на неговиот омилен ден, недела постигнувајќи два погодоци против Карамелите.
Габонецот откако го носи дресот на Арсенал постигна 32 гола на 38 натпревари во Премиер лигата кои се играат во седмиот дел од неделата, а токму со денешните два ја одржа серијата на Топчиите без пораз во 2020 година.
Домаќините наидоа на проблеми на стартот бидејќи Калверт-Луин уште во првата минута изненади со фантастични ножички. Сепак, до 33-тата минута Арсенал го сврти резултатот на 2-1 со помош на Нкетејах и Обамејанг, но Ричарлисон не дозволи неговата екипа да замине на пауза со негатива, па заби за 2-2 пред крајот на полувремето.
Конечниот резултат го постави Обамејанг во првата минута од вториот дел, односно во 46-тата минута. Со оваа победа Арсенал се искачи на деветтата позиција со 37 бода, Евертон е 11-ти со бод помалку.
Aubameyang restores the lead for Arsenal. Nice assist from Pepe . What a game. Arsenal 3-2 Everton #ARSEVE
https://t.co/CVYdQAm4gj— Indispensable David➐ (@davidchibike) February 23, 2020