Обдукцијата покажа: Смртта на Тот е од насилство, две лица се приведени, третото е во бегство

Смртта на ракометарот Денис Тот е поради насилство, а не поради срцев удар. Вака покажа обдукцијата на судска медицина која што беше направена врз ракометарот на РК Бутел кој вчера почина на скопските клиники.

Две лица се приведени, додека за третото е веќе распишана потерница 1 е во бегство. За случајот се обезбедени и снимки од пред дискотеката, на кои што се гледа дека инволвираните и Тот биле во исто друштво, пред да си заминат.

Кога тргнале да си одат, тие се степале по што тој паднал во бесознание а остнатите си заминале.

- Оглас -

Најнови вести