Објавен почетниот состав: Македонија напаѓа со сите оружја, стартер е и Трајковски!

Македонската репрезентација на дуелот со Бугарија од првата минута ќе игра Александар Трајковски, кој го пропушти гостувањето кај Грузија. Човекот кој е втор стрелец во историјата на репрезентацијата и ја урна Италија во баражот за СП, во триото во нападот се наоѓа покрај Милан Ристовски и Бојан Миовски.

Селекторот Благоја Милевски тргнува со средниот ред, во кој се само Барди и Елмас, кои веројатно ќе бидат помагани од Алиоски и Тодороски, а пред Димитриевски ќе бидат Муслиу, Зајков и Бејтулаи.

- Оглас -

Најнови вести