Објавен распоредот за Премиер лигата, Тотенхем – Манчестер сити е дерби на првото коло

Манчестер сити одбраната на титулата во Премиер лигата ќе ја почне со непријатно гостување кај Тотенхем во Лондон. Новата сезона во Премиер лигата стартува на 14 август.

Екипата на Брентфорд, која ќе игра прволигашки англиски фудбал за првпат по далечната 1947 година, во првото коло го пречекува Арсенал. Интересно ќе биде и на „Олд Трафорд“ во Манчестер, каде што ќе гостува Лидс, додека европскиот првак Челзи на свој терен игра со Кристал палас. Ливерпул ќе гостува кај повратникот во елитата Норвич сити, а Ватфорд ја пречекува Астон вила.

Позитивна новина е што на трибините ќе може да има одреден број гледачи, не е исклучено уште од првото коло да се дозволи да има полни стадиони и да се дозволи присуство и на гостински фанови.

Граѓаните ќе имаат тежок почеток на сезоната, во првите седум кола имаат дуели со Тотенхем, Норвич, Арсенал, Лестер, Саутхемптон, Челзи и Ливерпул. Првото дерби на северен Лондон помеѓу Тотенхем и Арсенал е на 25 септември, а градското ливерпулско дерби е на 30 ноември. Манчестерските ривали првата битка ќе ја бијат на 11 ноември. Сезоната треба да заврши на 22 мај 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести