Објавена последната аудиопорака на Марадона, упатена е до момчето на неговата поранешна девојка (видео)

На емисијата „Секретос вердадерос“ на аргентинска телевизија се објави последна аудиопорака на Диего Марадона пред да почине која е упатена до момчето на неговата поранешна девојка Вероника Охеда, со која починатата аргентинска легенда има седумгодишен син, Диего Фернандо.

Звучи како Марадона да ја одобрува врската, а на споменатиот Марио му остава аманет да му го чува и да се грижи за неговиот син. Според начинот на кој Диего зборува, може да се заклучи дека ја испратил во периодот кога бил на домашно лекување по операцијата на главата. Со заморен тивок глас, Марадона како да чувствувал дека ќе се случи нешто лошо.

„Здраво Марио, јас сум, Диего. Вероника ми кажа дека е со тебе. Сакам само да ви посакам сè најдобро и те заполувам да се грижиш и да ми го чуваш Диегито. Од сите синови што ги имам нему му нема рамен, целосно ќе ми ја обеле косата“, зборува Марадона во аудио пораката.

И по повеќе од пет дена, во Аргентина уште се тагува за смртта на нивната икона и можеби најдобриот фудбалер на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести