Облак израмни рекорд во Атлетико, статистиката е импресивна

Атлетико Мадрид во саботата навечер го совлата Атлетик Билбао со 2-0, мечот во кој Јан Облак израмни клупски рекорд на поранешниот голман на Јорганџиите, Абел Ресино. Словенецот го запиша 95-тиот натпревар во Ла Лига на којшто не прими гол, а за учинокот му беа потребни 163 лигашки меча.

Точно на 80 средби помалку настапи Облак за да го израмни рекордот на Ресино, на кому му беа потребни 243 натпревари во деветте сезони во дресот на Атлетико да оствари 95 сочувани мрежи. Статистиката на Облак е навистина импресивна, па сосема заслужено е најдобар чувар на мрежата во Шпанија во изминативе неколку сезони.

 

- Оглас -

Најнови вести