Облак призна дека никогаш претходно не слушнал за тренерот на Баерн

Јан Облак вечерва ќе има голем предизвик да го спречи моментално најдобриот голгетер во Европа, Роберт Левандовски, кој напаѓа рекорд на Кристијано Роналдо во најелитното меѓународно натпреварување. Словенечкиот голман со Атлетико Мадрид гостува кај бранителот на европската титула, а пред самото дерби истакна дека пред Ханси Флик да ја преземи клупата на Баварците, воопшто не знаел кој е тој.

„Морам да признаам дека не знаев ништо за него. Но, за Флик слушна цела Европа откако со Баерн освои сè што можеше да се освои, што е знак дека одлично си ја врши работата“, посочи словенечкиот чувар на мрежата.

Флик во ноември минатата година го замени Нико Ковач на клупата на актуелниот германски шампион и само за неколку месеци од Баерн направи непобедлив тим кој доминираше во текот на минатата сезона, исто како и во претстојната.

- Оглас -

Најнови вести