Облак се плаши Атлетико на следниот меч против Реал уште од стартот да не биде со играч помалку

Во Атлетико Мадрид се разочарани од фактот дека не го победија Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, а според играчите, тренерот, па и главните во клубот, главна причина е судијата.

При резултат 0:0, Атлетико Мадрид остана со играч помалку по директниот црвен картон на Кореа поради удар на противнички играч без топка. Според гостите, тоа било престрога одлука на судијата.

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак беше остар во реакцијата.

„Во последно време често на овој стадион завршуваме со 10 играчи. Се надевам дека на наредниот меч тука нема да почнеме со играч помалку“, рече Облак по мечот.

Тренерот Диего Симеоне констатираше дека кога гостуваат на „Сантијаго Бернабеу“, судиите некако секогаш одлуките што ги носат се на штета на Атлетико Мадрид.

„Мечот можеше да биде во корист на двете страни. Некогаш судиските одлуки се за вас, некогаш се против вас. Сепак, кога и да дојдеме тука, одлуките се во наша штета“, вели Симеоне.

 

- Оглас -

Најнови вести