Обложувајте се слободно, Премиер лигата нема да биде прекината!

Раководството на Премиер лигата негираше дека се размислува за двонеделно прекинување на сезоната поради ширењето на заразата од ковид-19 на британскиот остров.

Мечот на Евертон и Манчестер сити беше одложен поради неколку позитивни во тимот на Сити, па некои лекари предложија прекин на сезонава, но до тоа нема да дојде, тврдат фудбалските власти. Имало разговори на таа тема, за потенцијална двонеделна пауза додека не се стави ситуацијата под контрола.

Но, денеска некои медиуми објавуваат дека засега нема план за какво и да е прекинување на сезоната. За да се случи прекин, треба за тоа да гласаат барем 14 клуба. Најверојатно ќе се игра и вечерашниот меч Тотенхем – Фулам за којшто вчера се зборуваше дека може да биде одложен.

- Оглас -

Најнови вести