Обложувалниците ги почитуваат мерките, по 23 часот нема да се нудат пијалаци

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија објави соопштение во кое се истакнува дека согласно новите мерки за заштита од ковид-19, нема да нудат угостителски услуги во објектите по 23 часот.

„Асоцијацијата на спортски обложувалници информира дека откако со новите мерки за заштита од ковид-19 се забрани работа на угостителските објекти по 23 часот, согласно мерките ниту спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 23 часот. Во целост ја разбираме епидемиолошката состојба во земјата и им даваме поддршка на институциите во борбата за справување со вирусот. Откако со одлука на Владата, спортските обложувалници од 13 мај повторно ги отворија своите уплатно-исплатни места, во целост работиме согласно протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести и ниту еден наш објект не е затворен заради ковид-19. Продолжуваме доследно да се придржуваме до протоколите, грижата за нашите вработени и играчите и заштитата на колективното здравје остануваат наш највисок приоритет“, истакнуваат од АСОМ.

Со оглед на влошената епидемиолошка состојба, АСОМ апелира на почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по којшто работат спортските обложувалници.

„Според протоколот за работа, во сите членки на АСОМ на влез се поставени дезинфекциски средства, вработените носат заштитна маска, на шалтер е присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата, а во објектите во текот на работното време и по завршување се врши редовно чистење и дезинфекција на сите простории и инвентар. Играчите задолжително мора да носат заштитна опрема на лицето, маска или прекривка, да одржуваат физичко растојание од 2 метри во уплатното место и да ги користат средствата за дезинфекција на рацете поставени на влезовите од обложувалниците. За потсетување, спортските обложувалници беа меѓу првите деловни субјекти кои со рестриктивните мерки на Владата за заштита од ширење на ковид-19 беа целосно затворени од 14 март 2020 година. Членките на АСОМ и покрај големите загуби во текот на двомесечното затворање, немаа отпуштања и ги задржаа сите свои вработени.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата“, велат од АСОМ, чии членки се Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип, Моцарт, Марбет и Меридиан.

- Оглас -

Најнови вести