6.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Обложувалниците во Србија работат, а во Хрватска ќе отворат утре

Министерството за здравство вчера информираше дека Комисијата за заразни болести одржала состанок на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот, но била донесена одлука да биде испратена препорака до Владата сите досега донесени мерки да останат на сила.

Ова значи дека нема ништо од отворањето на обложувалниците, трговските центри, кафеаните, и останатите објекти кои не функционираат во изминатиот период на вонредна состојба.

За разлика од ситуацијата кај нас, во регионот полека започна олеснувањето на мерките за превенција и заштита од ширењето на опасниот вирус, па во Србија веќе неколку дена работат обложувалниците, a од пред два дена кај нашиот северен сосед е укината вонредната состојба, па со работа започнаа и трговските центри, а дозволено е непречено движење и на најстарите граѓани во било кон период во текот на денот.

Во Србија се надмина бројката од 10.000 заразени од Коронавирусот.

Хрватите пишуваат дека од утре започнува олеснување на мерките, па министерот за внатрешни работи, Давор Божовиќ најавил дека од 11 мај, односно од утре ќе започнат со работа обложувалниците и клубовите со автомати за игри на среќа, пренесува хрватскиот портал Индекс. Во Хрватска, обложувалниците беа затворени кога се затворија и сите останати угостителски објекти и непрехранбени дуќани, во втората половина на март. Освен обложувалниците, утре во Хрватска ќе отворат и рестораните, кафичите и трговските центри.

Во Хрватска има преку 2.100 заразени од Коронавирусот.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести