Обрадовиќ: Од играчите побарав веќе да не зборуваат за Евролигата, пред нас е примарната цел (Фото)

Белградскиот Партизан не успеа да се пласира на финалниот турнир во кошаркарската Евролига, а вечерва Црно-белите стартуваат со разигрување за титулата во регионалната АБА-лига.

Титулата во АБА е приоритет за клубот бидејќи освоена АБА значи и сигурно учество во Евролигата, без да се чека евентуална вајлд-карта.

„Примарна цел која си ја поставивме пред почетокот на сезоната беше освојување на АБА-лигата. Се надевам дека ќе го задржиме нивото на мотивација како досега, можеби и помотивирани. Почнуваме да зборуваме само за АБА-лигата, ги замолив играчите и стручниот штаб веќе да не зборуваат за Евролигата, тоа е завршена приказна, да не се навраќаме туку да гледаме пред нас“, изјави тренерот Жељко Обрадовиќ.

Четвртфинален противник на Партизан е црногорскиот тим Студентски центар и вистинска сензација би било ако српскиот тим не победи со 2-0. Во полуфиналето ги чека Цедевита Олимпија.

За вечерашниот меч во Белград, хендикеп границата во Sport Life е поставена на 19.50 поени и тоа доволно говори за односот на силите. Во најдобрата обложувалница во Македонија може да се обложите и на број на поени на 11 различни поединци, од кои седуммина се од големиот фаворит.

- Оглас -

Најнови вести