Очаен старт на Вардар во дербито, Пелистер по 30 минути игра ја анулира негативата од дуелот во Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер играат фантастично прво полувреме во најголемото македонско дерби против Вардар и по 30 минути игра имаат предност од дури осум гола 18:11.

Вардарци кои два дена пред мечот побараа одложување на дербито бидејќи 15 играчи и членови на стручниот штаб имаа вироза, и поради што пензионираниот Стојанче Стоилов мораше повторно да го облече дресот, очајно го започнаа мечот и му дозволија на шампионот во воведните минути да поведе со 7:1 притоа дури шест минути не успеаја да постигнат гол.

Потоа ја стабилизираа играта, намалија на минус четири (11:7), но не успеаја да реализираат два напади по ред, по што битолчани со серија од 4:0 поведоа со 15:7 и ја анулираа негативата од дуелот кој се играше во Скопје (30:25).

- Оглас -

Најнови вести