Очајниот ВБА можеби веќе жали што го смени Билиќ

Арсенал со добра игра го прегази ВБА со 4-0, и после третиот триумф во низа, веќе се зацврстува во средината на табелата. Топчиите беа расположени, и доминираа против тимот кој остана на само една победа и тоа победата им е над фенерџијата Шефилд јунајтед.

ВБА во последните две кола има гол-разлика 0-9, и фановите почнуваат да се прашуваат дали беше грешка што тренерот Славен Билиќ беше разрешен после реми против Манчестер сити и на негово место се постави Сем Алардајс.

Лаказет во второто полувреме даде два гола и го дотолчи противникот, а најубав гол беше оној за 2-0, после феноменална акција на тешкиот терен во Бирмингем кој беше покриен со тенка снежна покривка.

- Оглас -

Најнови вести